Бундестагот ја реизбра Меркел за канцелар

Ангела Меркел беше реизбрана од германскиот Бундестаг за канцелар. Таа доби трет последователен мандат, соопштија светските агенции.

Кандидатурата на Меркел беше одобрена од Долниот дом на германскиот парламент со 462 гласа „за“, 150 „против“ и девет „воздржани“.

Германскиот канцелар и министрите од новата Влада треба да положат свечена заклетва.

Денес попладне ќе се одржи првата средба на коалицискиот кабинет на демохристијаните на Ангела Меркел и социјалдемократите.

Реформирањето на Европската унија, енергетскиот транзиција со цел откажување од нуклеарната енергија и залагањето за обновливите извори на енергија, се дел од предизвиците со кои треба да се соочи новата германска Влада.

Меркел е третиот германски канцелар, кои добива три поседователни мандати, по Втората светска војна.