Бунтовниците во Донбас го обвинија Киев за вооружени напади

Украинските безбедносни сили продолжуваат со гранатирањето на територијата на самопрогласената Народна република Луганск, соопшти во четвртокот од Заедничкиот центар за контрола и координација на режимот на прекин на огнот во одметнатите проруски региони на истокот на Украина.

„Во текот на последните денови ситуацијата на линијата на раздвојување значително се влоши. Непријателот, по директна инструкција на воено-политичкото раководство во Киев, се обидува да го ескалира конфликтот“, изјави челниколот на луганските бунтовнички сили, Јан Лешченко.

Според него, украинските безбедносни сили утрото отвориле оган врз пет населени места на територијата на ткн „народна република“. Подоцна претпладнето е пријавени уште три, па уште два нови случаи на гранитирања од правец на позициите кои ги држат украинските безбедносни сили.

Властите во Луганск соопштија дека сѐ уште се обидуваат да утврдат дали во тие напади има повредени или убиени. Во соопштението се додава дека во нападот украинската војска користела минофрлачи, гранати и тешки митралези.

Засега нема процени колку овие инциденти се сериозни, а нема и реакција од Организацијата за безбедност и сигурност во Европа (ОБСЕ), којашто го надгледува прекинот на огнот во Донбас постигнат во 2015 година во Минск. Мисијата на ОБСЕ, инаку, остана со многу намален број набљудувачи, откако поради ескалација на тензиите со соседна Русија западните земји ги повлекоа своите набљудувачи.

„Украинските вооружени сили грубо го прекршија режимот на прекин на огнот, користејќи тешко вооружување коешто споед договорот од Минск би требало да биде повлечено“, наведуваат бунтовничките сили од Луганск.

Укранската армија ги отфрли обвинувањата, велејќи дека всушноста било обратно и дека сепаратистите ги гранатираа владините трупи.

Случни инциденти не се реткост во последните осум години, меѓутоа последниот има дополнителна тежинина бидејќи се случува во контекстот на актуелните тензии меѓу Западот и Русија поради укранската криза. Се стравува дека ескалацијата на судирите во источна Украина во овој момент може дополнително

Русија ги отфрла обвинувањата, во прв ред од САД и Велика Британија, дека наводно подготвува напад врз Укараина, кој според нивните разузнавачки служби требаше да се случи во средата, но Западот и натаму на Москва ѝ се заканува со нови жестоки санкции.

Сега британските и американските разузнавачки агенции лиферуваат во медиумите информации дека Русија наводно би можела да измисли изговор за инвазија врз Украина, а како пример велат дека би се појавиле снимки од лажиран напад. Москва ги отфрли и овие предвидувања оценувајќи ги како фантазија, но предупреди дека веројатно укажуваат дека се подготуваат провокации од страна на Киев за кои треба да послужат за воени дејствија во Донбас.

Русија од почетокот на седмицата објави дека зпочнала со повлекување на своите единици од близина на границата со Украина по завршување на воените вежби. Но Украина тврди дека нема докази дека тоа е навистина сторено, а САД пак се сомневаат дека Русија всушност ги зголемила своите трупи во областа прецизирајќи бројка од дури 7.000 војници.

Дополнителна вознемиреноста предизвика резолуцијата којашто Думата, долниот дом на рускиот парламент, му е испратена на претседателот Владимир Путин, во која се бара признавање на самопрогласените република Донецк и Луганск во кои е доминатно руското и рускојазично население. Од Крем љ, сепак, навестуваат дека засега Путин нема намера тоа да го стори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.