Бурата Аксел предизвика хаос на баварските патишта

бурата

Како резултат на бурата, која донесе силен ветер и снег, едно лице го загуби животот, а полесно или потешко се повредени десетина други.

Германските власти за денеска најавија подобри временски услови и поголема безбедност на патиштата, но апелираат на внимателно возење.