Бурата „Ксавер“ создава вистински хаос низ Европа

Во невремето што вчера ја погоди Велика Британија, а потоа и Германија и скандинавските земји, загинаа пет лица. Силната бура предизвика вистински хаос во сообраќајот во овие земји.

Освен авио- сообраќајот, кој е целосно парализиран, запрени се и возовите и траектите, додека над десетина илјади домови останале без струја.

Метеоролозите предупредуваат дека бурата би можела да биде најсилната која некогаш го погодила стариот континент во последните години.

Во Велика Британија две лица загинаа откако се нашле на удар на ветер со брзина од 225 километри на час. Над 100.000 домови ширум Велика Британија останаа без струја, а од нафтените платформи на Северното море се евакуирани голем број луѓе и запрено е производството.

Полицијата во западна Данска соопштила дека 72-годишна жена починала откако поради невремето се превртело комбе. Некои училишта во Холандија порано го започнаа зимскиот распуст поради невремето. Во Данска и Норвешка полицијата упатила апел до населението да остане во своите домови, за да ги избегнат силните удари од ветрот.