Бурата Сјара му помогна на авион да го собори трансатлантскиот рекорд

Британската воздухопловна компанија „British Airways“ поставили во саботата во 23.20 часот по локално време нов рекорд за најбрз лет од Њујорк до Лондон, за авионите кои летаат под брзината на звукот, пренесува во неделата BBC.

Авионот од типот „Boeing 747-436“ постигнал брзина од 1.327 километри на час „јавајќи“ на воздушната струја којашто ја забрзала бурата Кјара/Сјара.

Авионот на аеродромот „Хитроу“ стасал за 4 часа и 56 минути, односно дури 80 минути порано. Како што пренесуваат BBC и весникот The Independent, со тоа го надминал претходниот рекорд на компанијата „Norwegian Air“ чиј авион од Њујорк до Лондон во јанури 2018 година стасал за 5 часа и 13 минути. Инаку средното време на летот на оваа делница изнесува 6 часа и 13 минути.

Според интернет апликацијата за следење на цивилните летови Flightradar24, со тоа надминат е рекордот на компанијата „Virgin Atlantic“, чии авиони го извеле истиот лет за 4 часа и 57 минути, како и за 4 часа и 59 минути.

И покрај тоа што во овој случај авионот летал со брзина поголема од брзината на звукот, авионот не успеал да го пробие звучниот ѕид бидејќи го „туркала“ воздушна струја со голема брзина. Модерните патнички авиони вообичаено летаат со околу 85 отсто од брзината на звукот.

Трансатлатскиот рекорд кај цивичното воздухопловство го држи надзвучниот „Concorde“, исто така, на компанијата „British Airways“ кој во 1996 година од Њујорк до Лондон стаса за 2 часа, 52 минути и 59 секунди, постигнувајќи ја најголемата брзина од 2.172 километри на час.