Бурите и сушите го загрозија родот на пченицата и оризот во Франција и Италија

Земјоделските стопанства во Франција тешко настрадаа изминатиот викенд од градот и жестоките бури, додека земјоделците во Италија предупредуваат од тешки последици на суша, особено во приносите на оризот.

Градот, силниот ветар и обилните дождови предизвикале штети на површините засеани со пченица, во овоштарниците и лозјата во речиси 65 француски департмани, изјави здружението FNSEA.

„Штетите се многу значајни, некои земјоделски стопанства загубиле дури и 100 отсто од родот“, се наведува во соопштението на здружените на француските земјоделци.

Бурата ја мина Франција пред жетвата на пченицата, а оваа земја е четвртот извозник на оваа житарка во светот.

Земјоделците на северот од Италија, во регионите како што се Пиемонт, Вал д’Аоста и Трентино Алто Адиџе, повеќе стравуваат од сушата, имајќи ги предвид прогнозите дека оваа седмица може да се очекуваат високи температури.

Италија годинава забележала само половина од вообичаеното количество врнежи, според здружението на земјоделците Coldiretti, кое загубеното производство го проценува на речиси милијарда евра, истакнувајќи дека најтешко минала долината на реката По.

„Најтешко се оштетени насади на оризот (…) и сите останати житарки, од пченицата до пченката, со прогнозираниот пад на приносите“, соопштија до Coldiretti.

Намалениот род на пченицата во западна Европа би можела дополнително да го намали глобалното снабдување кое е под притисок на неможноста за извоз од Русија и од Украина поради војната, двете земји кои се најголеми светски извозници на пченица и пченка.