Бурни реакции во Приштина по изјавата на Тачи за таксите кон Србија

Изјавата на Хашим Тачи, дадена за „Вашингтон пост“, дека ќе ја разгледа можноста за укинување на таксите за српски производи предизвика вознемиреност во Приштина. Заменик министерот на косовските безбедносни сили, Бурим Рамадани тврди дека таксите нема да бидат укинати и оти за тоа би можело да се зборува само ако Белград ја признае независноста на Косово.

Дополнително, министерот за трговија на Косово, Ендрит Шала, изјави дека Хашим Тачи не може да даде ветување за укинување на таксите бидејќи истите ги донела владата, а не претседателот. Шала додал дека таксите нема да бидат повлечени се додека не се отстранат причините поради кои е воведена мерката.

Постојат причини поради кои ние, како влада, одлучивме да донесеме таква одлука. Токму поради тие причини предложив нивно воведување, така што таксите нема да се укинат се додека не се отстранат причините за нивно воведување, изјавил Шала за приштинските медиуми