„Бустерот“ на AstraZeneca ефикасен против омикрон сојот

Примената на третата доза на вакцината против коронавирусот на англо-шведскиот производител „AstraZeneca“ се ефикасни против омикрон варијантата на вирусот, соопшти во четвртокот компанијата повикувајќи се на студијата на лабораторијата на Универзитетот Оксфорд со која заедно ја развиваа вакцината.

Истражувањето, коешто треба да ја мине стручната рецензија и да биде објавено во релевантно научно списание, покажало дека нивото на антителата против омикрон сојот по доплнителната „бустер“ доза е поголемо отколку нивото на антителата кај луѓето кои се заразиле и прородно оздравеле од коронавирусната болест Covid-19.

По двете редовни дози и „бустерот“, неутрализирачките нивоа против омикрон варијантата се покажале слични на оние против делта варијантата по примените две дози, додаваат од „AstraZeneca“.

Од компанијата истакнуваат дека научнците од Универзитетот Оксфорд кои го спровеле ова истражувбање не се поврзани спо стручњаците кои со AstraZeneca“ работеле на развојот на вакцината „ Vaxzevria“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.