
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, седми август, без електрична енергија ќе останат делови од општините Студеничани, Бутел, Шуто Оризари и Чучер Сандево.
Во општина Бутел без електрична енергија во периодот од 8 до 15 часот ќе останат улиците: Алекса Дундиќ, Мара Мажуречка, Алпи, Ферид Бајр, Христијан Тодоровски Карпош, Александар Турунџиев, Рокомија и Кучевишка Бара.
Во општина Студеничани без струја ќе остане селото Студеничани в о периодот од 7 до 13 часот.
Во општина Шуто Оризари без струја ќе бидат корисниците од улиците:
– Шуто Оризари, Македонско – Косовска Бргада, ул. 17 и ул.19 во периодот од 08.00 до 15.30 часот, како и
– Волт Дизни и Диме Мечето во периодот од 09.00 до 15.00 часот
Во општина Чучер Сандево, без електрична енергија ќе останат жителите на селото Мирковци во периодот од 9 до 15 часот.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.