Ц(ВИДЕО) Нови докази од обвинителството за катастрофалното уривање на мостот кај Џенова

52

Делови од паднатиот мост кај Џенова, кога загинаа 43 лица, не биле одржувани повеќе од 25 години.Денеска, на годишнината од трагедијата, се одржа комеморација во близина на мостот.

Техничкиот извештај покажа дека делови од мостот што се сруши во северна Италија минатата година, не беа одржувани повеќе од  25 години, изјави денеска во Џенова локалниот обвинител. Голем дел од вијадуктот по кој минува автопат долг 1,2 км автопат се распадна на 14 август минатата година во Џенова, поради обилните врнежи од дожд, при што загинаа 43 лица.

Причината за падот сè уште се истражува, но владејачкото движење „Пет Sвезди“ го обвини најголемиот италијански оператор за патишта, Атлантис дека не го одржувале мостот, што компанијата го отфрли.

„Истрагата ќе покаже дали недостаток на одржување е главната причина за уривањето на мостот“, рече генералниот правобранител на Џенова, Франческо Коци, на денешната прес-конференција по спомен-церемонијата за загинатите жртви.

И покрај политичката криза во Рим, претседателот Серџо Матарела и лидерите на партиите присуствуваа на церемонијата на местото на катастрофата. Мисата се одржа во напуштен магацин во близина на урнатините на мостот.

Акциите на Атлантис паднаа за 4 проценти во средата, според обвинителите. Компанијата ја води семејството Бенетон, позната по својот малопродажен ланец продавници за облека.

Владејачката коалиција на Движењето Пет Sвезди и десничарската Лига на Салвини исто така ја искористија катастрофата за да го оправдаат зголемување на буџетот, и покрај загриженоста на Европската Унија дека тоа ќе доведе до зголемување на огромниот јавен долг на Италија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.