Ако ја исклучат Приштина, Албанија веднаш ќе се повлече од „Малиот Шенген“

Гент Цакај
Гент Цакај

Албанија ќе се повлече од балканскиот „мини Шенген“ доколку Приштина не биде вклучена во таа соработка, изјави албанскиот министер за надворешни работи Гент Цакај.

– Премиерот Еди Рама имаше суштински услов, кој нема да биде предмет на преговори, а тоа е доколку Косово биде исклучено од таа соработка, Албанија веднаш ќе се повлече, истакна Цакај.

Тој, како што пишува Коха диторе, нагласи дека „Косово е црвена линија за Албанија во односите со Западен Балкан“.

Цакај додаде дека принципот на Албанија „ниту под кои било услови не треба да носи услови за олеснување, без да се вклучи Косово“.

Албанскиот министер смета и дека терминот „мини Шенген“ треба да се промени.

– Тоа беше трилатерален состанок меѓу Еди Рама, Александар Вучиќ и Зоран Заев, по претходните средби. Наскоро се очекува да имаме состаноци со Црна Гора и Хрватска, со Хрватска и Косово, и така натаму.Тоа нема да биде трилатерална иницијатива, тврди Цакај, додавајќи дека Приштина, Подгорица и Сараево се поканети да се придружат на иницијативата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.