Царина за случајот со бугарските книги – немаше потврда ни од Центарот ни од Амбасадата дека се подарок за нив

Царинската управа денеска преку својата фејсбук-страница даде појаснување за случајот со обидот да се внесат 1 000 книги од Бугарија, поради што бугарското МНР испрати нота до нашето Министерство со обвинување дека се работи за скандалозен чин за што ќе биде запознаена Европската комисија и амбасадите на земјите членки на ЕУ во Скопје.

Вчера на граничниот премин Деве Баир бугарски државјани бил спречен да влезе во земјава за да внесе 920 нови и 250 стари книги на бугарски јазик.

Од Царинската управа посочуваат дека не е проблем во земјава да се внесат книги во толкава количина, но она што било проблем е пто тие иако биле декларира ни како подарок за Културно информациониот центар на Бугарија во земјава, таквата изјава била потпишана само од испраѓачот, но не и од примачот- Културно информациониот центар на Република Бугарија, ниту пак од Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

„Согласно Царинскиот закон предметите што се увезуваат, а имаат образовен, научен и културен карактер, согласно со прописот од членот 199 на овој закон, како и научни инструменти и апарати, како и нивни резервни делови кои се увезуваат во некомерцијални цели и кои не се произведуваат во Република Северна Македонија се ослободени од плаќање на увозни давачки. За да може да се оствари ова право, пропишани се поблиски услови кои треба да бидат испoленти, а меѓу другото како што и самиот закон наведува да се од некомерцијална природа ( во случајот повеќе од 1 000 книги) , односно стоката да е наменета како подарок. Во конкретниот случај кон барањето за ослободување беше приложен договор за подарок кој е потпишан само од едната страна, т, е од испраќачот на книгите, а не и од  примачот што го прави договорот правно неважечки“, објаснуваат од Царинската управа.