Царината поднесе 10 кривични пријави

Постапувајќи по констатираните неправилности, Царинската управа на Република Македонија во јули 2014 година до надлежните јавни обвинителства поднесе 10 кривични пријави против 8 правни и 11 физички лица.

Кривичните пријави се поднесени поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, „Изнесување односно извезвезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.