Царинските приходи зголемени за 9,68 отсто

приходи

Оттаму потенцираат декаприходите се зголемени во услови на намалени контроли и олеснето движење.

– Со унапредување на системот за селективни контроли, односно со нивно правилно насочување, во претходниот период царинските контроли беа намалени, а зелениот канал (слободно преминување на стоките) беше удвоен од 35 проценти на 75 проценти. Намалениот интензитет на вршење на царинска контрола овозможи забрзување на царинската постапка за економските оператори кои ги почитуваат царинските и други прописи поврзани со увозот и извозот на стоки и зголемување на ефикасноста и ефективноста во царинското работење при вршење на контроли, без притоа да се намали ефективноста, ефикасноста и резултатите при вршењето на контролите, наведуваат од Царинската управа.