Царовска демантира дека возрасните работници ќе работат два часа помалку

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска како дезинформации и шпекулации ги оцени информациите дека со новиот закон за работни односи, кој е во фаза на изработка, се планира намалување на работното време за повозрасните работници, без притоа да имаат намалување на платата, како што објавија некои медиуми. Односно, дека жените со навршени 60 години старост, а мажите со 62, ќе работат шест часа, а ќе ја задржат истата плата, сѐ до пензија.

– Тоа се дезинформации. Нека потврди медиумот кој извесувал за тоа оти таква информација има од МТСП. Донесувањето на законот за работни односи се врши на транспарентен начин. Во моментов работат неколку работни групи со сите засегнати страни кои имаат можност да учествуваат и да даваат предлози и размислувања. Кога тој ќе биде на некој начин усогласен, ќе го испочитуваме процесот на носење на закон преку социјален дијалог, за тоа ќе биде известена и јавноста, рече Царовска.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.