Прашањата и програмите за полагање на државната матура се поедноставени и усогласени со условите во коишто оваа учебна година ќе се спроведуваат испитите, рече министерката за образование и наука, Мила Царовска, на денешната прес-конференција.
Запрашана за коментар во врска со реакциите на социјалните мрежи од страна на групи ученици кои се закануваат со бојкот на онлајн-наставата и бараат намалување на бројот на предмети кои ќе се полагаат Царовска вели дека матурата е задолжителна и дека таа се спроведува во сите земји во регионот и во Европа.
– Ние сме целосно подготвени матурата да се спроведе на соодветен и безбеден начин, со концепцијата усогласена со формалните здруженија на средношколци и матуранти коишто беа на формален состанок во Министерството. Програмите се поедноставени, исто и прашањата, согласно условите во кои ќе се изведе оваа матура – рече Царовска.