Царовска го упропасти образованието, кривично да одговара, бараат од ВМРО-ДПМНЕ

24

Последниот скандал со свидетелствата е само врвот на сантата мраз наречена неспособност на власта. Првпат се случува на крајот на учебната година да нема свидетелства да им се поделат на учениците и според министерството на Царовска, најверојатно ќе се делат дури пред почетокот на новата учебна година. Очигледно како и почетокот на учебната година лани, така и крајот на учебната година сега ги изненади властите. Срамно и бедно, рече на прес конференција Бети Стаменкоска Трајковска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

– Уште посрамно е објаснувањето дека не се делат свидетелства затоа што било пандемија за да не се прават турканици, а во исто време кафулињата, дискотеките и рестораните се полни со луѓе. Вистината е дека Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука на Мила Царовска немаат распишано тендер. Ете почитувани колкав е капацитетот на Царовска. Не може да подели свидетелства во јуни, а најавува квази реформи и дигитализација на образованието – вели Стаменкоска Трајковска.

Таа потсети дека од учениците се бараат по 200 денари од свидетелство, што ако се земе предвид дека има 150 илјади ученици излегува дека Царовска ги пљачка родителите за сума од неверојатни 30 милиони денари.

Според ВМРО-ДПМНЕ,  Царовска треба кривично да одговара што турка дигитализација без учебници за над 100 милиони евра, а во исто време наплаќа за свидетелства

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.