Царовска избегнува дебати за лицата со хендикеп

Се подготвуваат законски измени на штета на лицата со хендикеп, а засегнатите обвинуваат дека власта сака да им ги земе парите што законски им следуваат, и тоа беше темата од којашто во петокот бегаше надлежната министерка за а труд и социјална политика, Мила Царовска.

Царовска била поканета од телевизија Алфа да се соочи со граѓани кои се засегнати од лошите политики, но немала време за тоа.

„За своите проблеми зборува Бранкица Димитровска, лице со хендикеп и Зоран Мијалков, родител на дете со аутизам, со кого снимивме интервју. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска иако уредно поканета на почетокот на работната недела, не одговори на поканата. А во телефонски разговор инициран од наша страна денеска портпаролот на министерството ни одговори дека имале други обврски. Токму затоа министерката доби празно столче во Отворено на Алфа. Вклучете Алфа и слушнете ги проблемите со кои се соочуваат лицата со хендикеп, кога веќе министерката нема време и има други обврски. Проблемите на нашите сограѓани, лица со посебни потреби заслужуваат да бидат слушнати“, објавија од телевизија Алфа.

Министерката Царовска претходно во петокот не се појави ниту на настан во Домот на хуманитарни органзиации„Даре Џамбаз“, каде се говореше за законските измени. Додека таа немаше време, ја чекаа голем број лица со хендикеп.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.