Царовска: Ќе ги унапредиме социјалните права согласно со Европската социјална повелба

Во изминатите години Република Македонија мина низ период кога дел од овие социјални права, утврдени и во Европската социјална повелба, беа или запоставувани или недоволно унапредувани и развивани, рече во средата министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во своето орбаќање на семинарот за „неприфатените одредби“ од Повелбата, организиран од страна на Советот на Европа и МТСП.

„Она што јас сега, од мое лично име и од име на новата Влада на Република Македонија, можам да го гарантирам е дека еден од клучните приоритети во наредниот период ќе биде токму унапредувањето на социјалните права и напорите тие да бидат рамноправно уживани од страна на сите граѓани. Она на што ќе се фокусираме ќе биде реформа на системот на социјална заштита, унапредувањето на социјалните услуги за граѓаните, интензивирање на борбата за справување со сиромаштијата и социјалната исклученост во државата, спречување на маргинализацијата од секој вид, значително унапредување на правата и заштитата на работниците и поголема инволвираност во сите овие прашања на социјалните партнери и граѓанското општество“, рече Царовска.

Семинарот е организиран во рамките на постапката предвидена со Член 22 од Повелбата за „неприфатените одредби“, и е посветен на размена на мислења и информации за одредбите кои не се прифатени од страна на Република Македонија, како и за постапката за колективни жалби. Целта е низ дискусија се разгледаат состојбите во државата во однос на правата истандардите кои ги утврдуваат и штитат споменатите одредби, како и за можностите од проширување на обемот на одредби коиќе бидат прифатени од Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.