Царовска молчи за случувањата во детската градинка „Пчела“

Во детската градинка „Пчела“, која се наоѓа во Скопје, врз основа на фотографии и видеа кои се објавени на социјалната мрежа Facebook, може да се забележи дека таму децата активно се занимаваат со учење на исламот, иако тие се на многу мала возраст, а со тоа се прекршува членот 12 од Законот за заштита на децата каде што се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање.

Многу луѓе го изразија своето незадоволство за ваквото однесување на градинките кон децата, велејќи дека тие треба да се едуцираат и да ги добијат основните знаења од науката, а не на толку рана возраст да ги учат религиските обреди. Сепак и покрај ваквите критики од луѓето новата Министерка за труд и социјална политика Мила Царовска молчи.

Согласно членот 12 од Законот за заштита на децата се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување.

Во конкретниот случај имаме верско организирање на деца: Државата и институциите на системот се должни да ги преземат сите потребни мерки за да ги обезбедат правата на детето и за спречување на сите облици на дискриминација и злоупотреба без оглед на местото каде што се извршени овие дејствија, тежината, интензитетот и нивното времетраење.

Воспитната – образовната работа во детска градинка, односно во центар за ран детски развој се изведува според програма за рано учење и развој базирана врз Стандарди за рано учење и развој, која ја изготвува Бирото за развој на образованието, а ја донесува министерот.

Со програмата за рано учење и развој се уредуваат особено теоретските основи и принципи, целите на програмата, примери на активности, очекувани резултати и соработка со родителите.

Програмата за рано учење и развој треба да е во согласност со развојните капацитети на децата од предучилишна возраст, да се базира врз потребите и интересите за рано учење и развој на децата и да е насочена кон целосно постигнување на развојните потенцијали кај секое дете, вклучувајќи ги и децата со посебни потреби за рано учење согласно со Стандардите за рано учење и развој.

Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на установа за деца, на детска градинка/центар за ран детски развој, организациона единица основана од страна и во состав на правни лица, високообразовна установа и на приватно училиште и на агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст возраст, ако:

– организира политичко или верско организирање и дејствување и во установата за деца, односно кај агенцијата се врши злоупотреба на децата од истите причини, како и се врши психичко или физичко малтретирање, казнување или друго нечовечко постапување или злоупотреба на децата
– остварува програми што не се донесени од надлежниот орган,
– остварува програми без прибавено позитивно мислење
– остварува програма која не е одобрена од министерот

Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече за прекршокот и на директор во установа за деца, детска градинка/центар за ран детски развој.

Глоба во износ од 100 до 150 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице кое самостојно врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца како професионална дејност ако:
– организира политичко или верско организирање и дејствување

Член 12
(1) Се забранува секоја форма на дискриминација врз основа на расата, бојата на кожата, полот, јазикот, вероисповедта, политичкото или друго убедување, националното, етничкото или социјалното потекло, културна или друга припадност, имотната состојба, онеспособеноста, раѓањето или друг статус на детето или на неговиот родител или законски старател.

(2) Се забрануваат сите облици на сексуално искористување и сексуална злоупотреба на децата (вознемирување, детска порнографија, детска проституција), насилно подведување, продажба или трговија со децата, психичко или физичко насилство и малтретирање, казнување или друго нечовечко постапување, сите видови на експлоатација, комерцијално искористување и злоупотреба на децата со кои се кршат основните човекови слободи и права и правата на детето.

(3) Се забранува набавување или нудење на дроги, психотропни супстанции и прекурзори на дете под 18 години и се забрануваат секакви незаконски активности и злоупотреба на детскиот труд за производство и трговија со дроги, психотропни супстанции и прекурзори.

(4) Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување.

(5) Се забранува вклучување на деца во вооружени судири и нивно регрутирање во единици кои изведуваат воени и други дејствија.

(6) Државата и институциите на системот се должни да ги преземат сите потребни мерки за да ги обезбедат правата на детето и за спречување на сите облици на дискриминација и злоупотреба без оглед на местото каде што се извршени овие дејствија, тежината, интензитетот и нивното времетраење.

(7) Секој граѓанин е должен да пријави пред надлежен орган каква било форма на дискриминација, злоупотреба и искористување на дете во облиците наведени во ставовите (1), (2), (3), (4) и (5) на овој член и тоа веднаш по стекнувањето на сознание за настанот.

Прекршочни одредби

Глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на установа за деца, на детска градинка/центар за ран детски развој, организациона единица основана од страна и во состав на правни лица, високообразовна установа и на приватно училиште и на агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст возраст, ако:
– организира политичко или верско организирање и дејствување и во установата за деца, односно кај агенцијата се врши злоупотреба на децата од истите причини, како и се врши психичко или физичко малтретирање, казнување или друго нечовечко постапување или злоупотреба на децата (член 12 )
– остварува програми што не се донесени од надлежниот орган (член 168) ,
– остварува програми без прибавено позитивно мислење (членови 168 став (15) и 95 став (5)),
– остварува програма која не е одобрена од министерот (член 168 став (14)),
Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице ќе му се изрече за прекршокот од ставот (1) на овој член на директор во установа за деца, детска градинка/центар за ран детски развој.

(3) Глоба во износ од 100 до 150 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на раководно лице во организациона единица основана од страна и во состав на правни лица, високообразовна установа и на приватно училиште и на агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст.

(4) Глоба во износ од 100 до 150 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на физичко лице кое самостојно врши одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца како професионална дејност ако:
– организира политичко или верско организирање и дејствување(член 12 став (4)).

Членот 12 од Законот за заштита на децата каде што се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување е јасен и според законот истиот е прекршен, а новата Министерка и Министерството за труд и социјала се уште молчат.

ЛИНК: Вахабизам и салафизам во градинка за мали деца, нема никаква реакција од Мила Царовска и Оливер Спасовски