Царовска: Најдобро е настава со физичко присуство, но што ако се затвориме после две недели?

Министерката за образование Мила Царовска во вечерашното гостување на ТВ 24 во „Отворено“ зборуваше за почетокот на учебната година и како би се одвивала наставата. Таа објасни дека пандемијата на некој начин не донесе во позиции дека да се изнајде решение кое ќе обезбеди континуитет, но и да се заштити здравјето на учениците и наставниците.

„Сметам дека она кое е презентирано досега е дека од прво до трето одделение да одиме со физичко присуство зошто е потребно описменување. Погорните одделенија е подобро да одат со онлајн настава. Ова е начинот на кој ќе се направи баланс. Знаеме дека е најдобро со физичко присуство, но што ако се затвориме после две недели? Видовме во други земји, ги отворија училиштата и за две недели пвторно ги затворија. Сакаме да одиме постепено.“ – рече Царовска.

Таа рече дека моментално ова најдобро решение. Ако училиштата исполнуваат услови по протоколи, тогаш може да почнат со настава, рече Царовска. Додаде дека протоколите мора да се почитуваат. 321 училишта од 494 поднеле барање за настава со физичко присуство.

„Се трудиме да обезбедиме пристап до образованието за сите. Верувам во дијалог и мора да се прилагодиме на ситуацијата. И јас сакам да имаме компјутери за сите да следат настава. Нивото на квалитет нема да биде еднаков на она со физичко присуство. за да се справиме со ваа ситација и да тече образованието, мора сите да помогнеме во ситуацијава. затоа сега мора да стартуваме безбедно.“ – вели Царовска.