Царовска: Над 90 отсто од учениците се вклучни во онлајн наставата

Повеќе практични вештини, а помалку предмети. Се подготвува нов концепт за основното образование. Подготовката треба да заврши за еден месец, по што ќе биде на јавна дебата за наставниците и јавноста.

Наставните програми треба да се направат онлајн  до март догодина. Планот е да се се стартува со  првите и шестите одделенија од учебната 2021/2022 година. Предметите ќе се организираат околу теми со што ќе се зголеми престојот на училиште и ќе се стекнуваат вештини кои сега децата ги стекнуваат на  курсеви.

Иако не е соврешен моделот на образованието во Македонија, според Царовска, функционира. Процентот на ученици кои следат онлајн настава од 70 се зголемил на 90 %. За држењето настава онлајн наставниците нема да добиваат посебен надомест, бидејќи им е понудена можноста да работат од училиштата, но најголем дел од наставниците одбрале да работат од дома.

Според Царовска нема поголеми проблеми ниту кај наставата со физичко присуство бидејќi само 66 ученици и 160 наставници кои одат на училиште се позитивни на корона вирусот. Нема да има промени ниту во поглед на стартот на полугодието. Тоа почнува на крајот на годината и ќе трае до 21 јануари.