Царовска: Нема да се укинуваат научни дисциплини ниту, пак, наставници ќе изгубат работа

Нема да се укинуваат научни дисциплини од наставната програма ниту, пак, наставници ќе изгубат со реформата на образованието, порачала министерката за образование и наука Мила Царовска на онлајн состанок со наставниците од основните училишта.

„Не укинуваме ниту една научна дисциплина, затоа што се стремиме да направиме квалитетно образование во кое нашите ученици ќе се стекнуваат со сите знаења вклучувајќи ја и историјата“, рекла Царовска.

Во однос на реакциите дека со интегрирање на предмети дел од кадарот ќе изгуби работа, министерката на состанокот испратила порака дека тоа нема да се случи туку ќе напротив ќе се заканува кадарот.

„Наставниците ќе добијат поголема автономија во осмислување и реализација на часовите, како и поголема поддршка од системот. Ова е една од моите клучни заложби кои ќе ја подигнат мотивацијата на наставниците и квалитетот на наставата. Оттаму, колку што реформата ќе биде придобивка за учениците, токму истата е придобивка и за наставниците и образовните работници“, смета Царовска.