Царовска: Нема дискусии за промена на моделот на следење настава

По најавената средба на министерката за образование и наука Мила Царовска со директорите на средните училишта на која се очекуваше да разговараат за одложување на учебната година или почеток на истата со онлајн настава, Царовска уверува дека тоа нема да се случи.

Имено, Царовска вели дека денеска ќе има средби со директорите на сите средни училишта од Македонија, но дека на таа средба ќе се раговара само за спроведување на мерките за заштита од Ковид-19 и подготвеноста на училиштата тоа да го овозможат.

– Јас имам во контуинуитет средба со сите директори. основните завршија во среда,четврток и петок. Денеска се договорени сите средни, не само скопските средни училишта и ќе има дискусија по однос на стартот на учебната година, по однос на менување на моделот нема таква дискусија, заради тоа што од локалниот координативен штаб од Тетово пристигна барањето за две недели применување на онлајн настава при што Комисијата за заразни болести утврдува дали одреден модел се менува или не. Комисијата за заразни болести утврдија дека, може да одат со онлајн настава само заради преоптовареност на болницата, но не и заради други параметри. Што укажува на тоа дека денеска нема да се дискутира за промена на моделот на следење настава, туку за почетокот на учебната година – рече минситерката царовкс а по посетата на ООУ „Никола Карев” во Пробиштип.