Царовска попушти, на средношколците и понуди комбинирана настава

Ученици и родители со маски на лице попладнево на протест со транспаренти „Сакаме да учиме“ побараа да се воведе комбинирана настава од 1 октомври.

Тие се против наставата да почне онлајн во сите средни училишта, како што е планирано, туку со комбиниран модел односно со ротирање на средношколците во класовите на секои два дена (следење на наставата онлајн и физичко присуство) и пристапот да не биде централизиран, туку секоја општина да организира модел според епидемиолошката состојба односно број на заразени.

Тие имаа кратка средба со новата министерка за образование Мила Царовска, која им ветила дека утре на владина седница ќе бидат прифатени делл од нивните барања.

– Владата нуди комбиниран модел за старт на учебната година и секаде кадешто се исполнети условите од протоколите коишто веќе се усвоени, наставата ќе може да започне со физичко присуство во училиштата, независно од одделението и возраста на децата. За таа цел е формирана Комисија од Владата којашто ќе утврдува дали се исполнети условите во училиштата. Сепак, во објектите коишто не се во можност да ги исполнат протоколите, учебната година ќе стартува онлајн за што забрзано се работи на подготовка на единствена национална онлајн платформа. Во овие училишта, настава со физичко присуство ќе посетуваат само децата од прво до трето одделение, но и за нив е дадено правото на избор, за што родителите ќе треба да се изјаснат со писмена изјава – рекла Царовска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.