Царовска: Реформата ќе овозможи и најранливите да се вратат на пазарот на труд

Со растот на БДП од 4,1 отсто се создава трендот кој ќе го овозможи покачувањето на пензиите и по овој основ, а намалувањето на невработеноста од 22,6 на 17,8 проценти, води кон остварување на целта, стапката на сиромаштија да биде под 16 проценти, рече вечерва премиерот Зоран Заев.

Во Отвореното студио на МРТ по повод две години Влада, Заев напомена дека со растот на приходите и со растот економијата, ќе продолжи враќањето на парите кон социјално ранливите категориии, со што се создава нов силен потенцијал за равој на општеството.

Тоа е силен показател дека се создава амбиент за стабилна борба против сиромаштијата, се надоврза министерката за труд и социјална политикана, Мила Царовска.

-Поентата на социјалната реформа е да ги внесе најранливите во системот и да им обезбеди шанса на пазарот на трудот. Спроведуваме социјална реформа која концептуално го трансформира општеството зашто во неа има фактори за економски и човечки потенцијал, за развој на нашата држава, рече  Царовска.

Во Отвореното студио беа и министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Венко Филипче и Дамјан Манчевски.