Царовска: Состојбата се следи на дневна основа, ако е потребно ќе се интервенира

Големиот наплив на заразени со короанвирус во последниве денови се уште не ја премислува Владата да го промени планот за настава во тековната учебна година.

Министерката за образование Мила Царовска вели дека состојбата се следи на дневна основа и ако е потребно, ќе се интервенира.

Вчера министерката Царовска најави дека е можно наставниците да се вратат дома и да држат часови, за да не мора да се загрева цела училница за еден наставник.

При денешната посета на средното училиште Коле Неделковски во Велес, Царовска негираше дека Националната платформа за учење од далечина не е во целосна употреба, па дополнително ја повика директорката на училиштето да го потврди тоа.

Царовска дополни дека нема училишта кои имаат проблеми со онлајн наставата, туку има ученици кои немаат пристап до компјутерска опрема, но за нив се обезбедува настава преку телевизија и преку доставување материјали.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.