CDU повикува на избор на компромисен кандидат за надминување на кризата во Тирингија

Томас Кемерих

Конзервативната Хритијанско-демократска унија (CDU) на германската канцеларка Ангела Меркел посочи дека Зелените и Социјалдемократската партија (SPD) трабало да истакнат кандидати за премиер на сојузната земја Тирингија, каде што изборот на Томас Кемерих со поддршка на европскептичната и антидоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD) предизвика огорчување и осуда ширум земјата, што го натера победникот да отстапи.

Анегрет Крамп-Каренбауер, челничка на CDU, изјави во петокот дека Зелените и социјалдеморкатите требало да истакнат кандидат за претседател на регионалната влада на Тирингија.

Шокантниот избор во средата на Томас Кемерих од Либерално-демократската партија на Германија (FDP) е првпат кога AfD помогна во изборот на премиерот на некоја сојузна земја. Со тоа е прекршен повоениот консензус на главните политички партии да се опструира и игнорира крајната десница. Во меѓувреме Кемерих во четвртокот поднесе оставка.

„Оставката е неизбежна. Оттаму од функцијата премиер сакам да ја отстранам штетата која настана со поддршката од AfD“,појрани Кемерих поднесувајќи ја писмено оставката. Тој истовремено побара и распуштање на покраинскиот парламент и одржувае нови избори.

Канцеларката Ангела Меркел изјави дека е „непростливо“ пратениците во Тирингија, вклучително членовите на нејзината партија, да гласаат заеадно со AfD за изборот на Кемерих. И главните тела на CDU остро го критукуваше својот огранок во Тирингија поради заедничкиот избор на премиерот со AfD. Поради тоа беше свикан и вонреден состанок на демохристијанскат акоалиција на која требаше да биде разјаснет натамошниот однос на деловите на CDU кон AfD.

Германските медиуми пишуваат дека случувањата на тресат спомената коалиција на сојузо нови. Меѓутоа, малку е веројатен нејзиниот распад што би значело малцинска влада на Меркел или предвремни избори, бидејќи социјалдемократите со години бележат пад и според анкетите се изедначени или се зад AfD, а трендот на падот на рејтингот на SPD продолжува од последните парламентарни избори кога најстарата политичка партија во Германија го оствари историски најсланиот изборен резултат.

Огранокот на Afd за Тирингија важи за особено радикален поради отворени контакти со екстремната десница и поради честите вербални истапи на челниците на партијата на темата националсоцијализам.