Цеца Ражнатовиќ е позитивна на коронавирус

Српските медиуми објавија дека познатата фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ е позитивна на Ковид 19.
Таа прво направила серолошки тест кој покажал дека е негативна, но PCR тестот сепак покажал дека таа била позитивна.

Ражнатовиќ решила да се тестира откако била во контакт со заразено лице на семејна прослава.
Таа нема никакви симптоми и се чувствува добро.