Цел Балкан под снег

Снежниот бран кој ги зафати Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија предизвика проблеми во патниот сообраќај.

Во Далмација паднаа 40 см снег, каде под снежна покривка се и приморските градови Омиш и Сплит. Снегот почна да паѓа вчера попладне, а посебно густ беше во Далматинска загора. За чистење на снегот се ангажирани 30 возила на земската служба. Метеролозите најавуваат разведрување во Хрватска, а потоа, во четврток се очекува силна бура.

Поради снежната бура во хрватскиот град Имотски денеска нема да се одржува настава во основните и средните училишта.

И главниот град на Црна Гора – Подгорица утрово се разбуди под снежна покривка. Според Хидрометеоролошкиот завод во градот паднале седум цм снег. И во приморскиот град Улцињ врнеше снег, каде снежната покрива е еден цм. Локалните власти повикуваат на претпазливост во сообраќајот.

Во близина на српскиот град Кикинда, автобус излета од патот, а според очевидци во инцидентот нема повредени. Авто-мото сојуз на Србија предупреди дека во северниот и западниот дел на земјата се очекува локална појава на дожд, која ќе се заледува на тлото, додека на југозапад, југ и југоисток на Србија се можни обилни снежни врнежи и значително зголемување на снежната покривка поради што повикуваат на задолжително носење зимска опера и внимателност про возењето.

Снежната покривка од неколку сантиметри предизвика проблеми во сообраќајот и во делови на Босна и Херцеговина. Сепак локалните власти информираат дека патиштата редовно се чистат и иако е сообраќајот отежнат, сите патни правци се проодни.

МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.