Цел свет се бори со Ковид-19, само Македонија со лажните вести на СДСМ

638

Во ера кога сите се борат со Ковид-19, ние мораме да се бориме со лажните вести на СДСМ… Живееме моменти кога граѓаните со право се исплашени, кога надлежните што треба да не штитат не се соодветно заштитени, а СДСМ манипулира и шири лажни вести… Демант дами и господа на вашите соопштенија, од Премиер на земја членка на Европската унија и на НАТО.
Кој срам, кое дно сте…
Не е важно колку ќе помогнеме, важно е да помогнеме и да се спасат граѓаните, додека вие етикетирате, омаловажувате, потценувате и ширите лаги…
Да живее Македонија!

Ова го напиша портпаролот на на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, откако вчера Министерството за одбрана соопшти дека помошта што стигна во петокот е испратена на барање на Македонија, во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и како дел од координацијата на сојузниците во НАТО.

Но, за да бидат нештата појасни, словенечкиот премиер Јанез Јанша на социјалната мрежа Твитер објави статус во кој информира дека помошта за Македонија била испратена по телефонскиот разговор што тој го имал со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.