Цела амбуланта во Дебар под карантин, персоналот позитивен на коронавирусот

Персоналот на амбулантата во Дебар ќе биде под двонеделен карантин, бидејќи бил позитивен на коронавирусот Covid-19.

Ова во вторникот по жпладнето преку социјалните мрежи го објави лекарот Арбен Аголи, но од амбулантата во Дебар.

Засега нема официјална потврда на оваа информација, во очекување на редовната прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче вечерва во Владата.