Цела армија ги чува Англичаните во Рио де Жанеиро

Невидени безбедносни мерки беа преземени од страна на органзаторите на Светското фудбалско првенство за англиската репрезентација во Рио де Жанеиро . Само што излегоа од автобусот англиските фудбалери беа опколени од специјалците кои сосзадоа силен кордон околу нив.

Хотелот “Ројал Тулип” каде се сместени Англичаните исто така е максимално обезбеден . Над базниот камп на Англичаните постојано патролира воен хеликоптер , а во малиот залив крај логорот беше забележана подморница, откри британскиот весник Мирор.