Целата пратеничка листа на СДСМ во „двојката“ во изолација

По обелоденувањето на веста дека потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири е позитивен на Ковид 19, сите кандидати за пратеници на владејачката партија во втората изборна единица заминаа во домашна изолација.

Како што велат дел нив од Фокус, после вчерашниот настан во Куманово на кој присуствуваа сите 20 кандидати за пратеници, меѓу кои и Зекири, заминале во домашна изолација по спроведена епидемиолошка анкета или по сопствена иницијатива.

Со оглед на тоа дека целата пратеничка листа на СДСМ е ставена во домашна изолација, а нивниот пртиски лидер Зоран Заев инсистира на брзи избори се поставува прашањето дали СДСМ на избори планира да оди без ИЕ2.

И покрај денешниот голем број на новозаболени од Ковид-19, и покрај тоа што денеска регистриран беше најголем број на заболени во Македонија од откривањето на првиот случај, сепак лидерот на СДСМ и покрај ваквата денешна црна статистика, а и во текот на изминатата недела се закани дека повеќе нема попуштање и дека избори ќе имало на 5 јули.

Од друга страна пак, ваквиот став на Зоран Заев денеска речиси и да го премолчеа повеќето партии, освен ДПА, бидејќи Мендух Тачи истакна дека избори треба да има на 5 јули.

Инаку, поради контакт со Зекири и Лукаревска во изолација заминаа повеќе владини функционери.