Целата сума наменета за капитални проекти се троши непродуктивно

Сите пари кои претходната влада ги намени за капитални проекти во изминатиот период беше потрошена непродуктивно, рече во вторникот на собраниска седница,  пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска.

Таа кажа дека искуството за овие две години е оти сите пари обезбедени од претходната влада кои биле наменети за капитални проекти, истите биле пренаменети и се трошеле непродуктивно или биле пренаменети за социјални трансфери.

Митовска, исто така, потенцираше дека владата не успеала да ги изменаџира средствата и да ги помири тековните трошоци за плати и социјални трансфери и затоа ги пренаменила парите од капиталните инвестиции за овие намени.