Успешно одржување на ценовната стабилност, придонес за одржување на стабилен и сигурен банкарски систем и поддршка на општата економска политика се основните цели на Народната банка за периодот од 2014-та до 2016-та година, се наведува во Програмата за работа на Народната банка на Македонија за 2014-та година.
„Основниот фокус на Програмата за работа и оваа година е ставен на основните стратегиски цели на Народна банка за периодот од 2014-та до 2016-та година и тоа: успешно одржување на ценовната стабилност преку спроведување на избраната монетарна стратегија на одржување стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, придонесување кон одржување стабилен и сигурен банкарски систем, како основен предуослов за финансиска стабилност и поддршка на општата економска политика без да се загрози остварувањето на основната цел, постигнување и одржување на ценовната стабилност, во согласност со принципот на отворена пазарна економија со слободна конкуренција“, се наведува во Програмата за работа на НБРМ.