Целиот свет во пандемија од коронавирус, само Филипче во мрежа поврзана со криминали

За власта Велес не е жариште. Но, изгледа за сите други е. Кај се неспобни, па и глумат загриженост. Жариште е кога за еден ден ќе се откријат нови 6 заболени од корона. Жариште е кога за кус период ќе се заразат 40-на граѓани на Велес, пишува на својот Фејсбук профил Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев кој додава:

„Додека надлежните смируваат и под директива на Заев глумат нормализација, бројот на заразени во Велес рапидно расте, а најалармантна беше состојбата во текстилната конфекција “Ју-Ка”, каде работници оделе на работа и покрај алармот дека нивни колеги биле позитивни на вирусот. Медицинскиот персонал во општата болница нема опрема и поради тоа сме сведоци на заразен персонал од итната медицинска помош, додека Филипче и Аце наместо со конкретна помош и конкретни мерки, допрва ќе се координирале!?!“

-Целиот свет во пандемија од корона вирус, само Филипче во пандемија од мрежа поврзана со криминали, па така повторно неуморно нема никаква медицинска опрема, единствено што прават постојано се увиди и анализи, па секојдневно ја информираат јавноста како ќе имале повеќе информации утрото … а, утрото во Велес има 6 нови случаи, додека Аце Коцевски дава изјава дека од 350 тестирани биле заболени САМО 36 или 10% од она што го тестирале, потенцира Јанушев и подвлекува:

„Зошто Филипче не прави масовно тестирање? Дали во ек на пандемија сака да се прекрие бројката за неговиот Заев да може да излезе и да повика на избори по цена на здравјето на граѓаните? Во обид на манипулација на јавноста, без системски пристап, без вистинско и планско тестирање, нема да може да имаме вистински информaции за состојбата со eпидeмијата во земјата. Но, она што е загрижувачки е дека оваа влада нема никаква стратегија за оваа пандемија туку само личен интерес за бенефит од тендери пред заминување!“

-Апелираме – потребни се итни мерки за спречување на ширењето од корона вирусот. Бројката на новозаразени во Велес секојдневно расте, Венко и Коцевски оставете ги вашите ЌЕ планови и превземете конкретни итни мерки, за човечки животи се работи!, се додава во постот на Фејсбук на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.