Целиот тим е зад Солскјер до смрт сме со него заклучи Де Хеа

Манчестер Јунајтед и под водство на Оле Гунар Солскјер ги нема посакуваните игри и резултати, па навивачите се почесто почнаа да го искажуваат своето незадоволство и да бараат смена на норвешкиот стратег.

Меѓутоа клубот е максимално зад Солскјер, а истото важи и за играчите и тоа лесно може да се заклучи по изјавата на еден од најискусните играчи во тимот, Давид Де Хеа.

-Солскјер е дел од семејството. Тој беше тука многу години како играч, тој добро го познава клубот и што е најважно целиот тим е зад него, ние ќе се бориме до смрт за него. Тоа е клучно, тој е добар тренер и ние ќе бидеме со него до крајот, -рече Шпанецот кој притоа посочи што за него претставува Јунајтед.

-Тоа е специјален клуб, најголем во Англија и ми дава голема гордост и задоволство што сум во истиот толку години. Среќен сум. јас сум тука долго време и навистина сум среќен, тоа е прекрасен клуб со извонредни навивачи. Имавме неколку тешки години, но затоа сме тука, да се обидеме да помогнеме. Се надевам дека можеме да постигнеме големи работи во наредните години, -заклучи Де Хеа.