Целите на ВМРО-ДПМНЕ се зголемување на платите и пензиите, економски раст над 4 отсто и едноцифрена невработеност

Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, најави која е главната контура на економската политика на ВМРО-ДПМНЕ за наредните четири години, истакна Дарко Лазаров, од економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во првиот дел од таа најава беа дефинирани  таргетите кои ќе бидат остварени, а тоа е стапка на невработеност помала од 10%, зголемување на просечната плата од 25%, стапка на економски раст повеќе од 4%, пораст на пензиите за повеќе од 20%. Тоа што граѓаните повеќе ги интересира не се таргетите кои ги поставуваат политичките партии, туку методологијата и политиките како тоа ќе се оствари.  Видовме дека СДСМ во 2016-та година ветуваше брда и долини,а на крајот на денот видовме дека има огромни отстапувања. Заев рече „ќе облечам железни опинци за да ја донесам платата на 30.000 денари“, а гледаме дека е 600 милиони евра пониско од ветувањето, истакна Лазаров во „Топ тема“.