Цело СДС се слика со осудени криминалци, кои потоа бегаат од затвор и никој не понесува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

-Цело СДС се слика со осудени криминалци, кои потоа бегаат од затвор и никој не понесува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Избеганиот од Шутка, Нафи Абдиовски со единствена затворска казна која што чека правосилност би излегол од затвор на 4 март 2040-та година. 16-те неправосилни пресуди се со единствена затворска казна од 17 години 6 месеци и 20 дена.

Наместо во затвот Абдиовски е во бегство.

Нафи Абдиовски е најомилениот криминалец на власта. Нема функционер од Пендаровски, преку Спасовски, Груби и Љупчо Николовски кој не се слика со него.

Каква врска има власта со Абдиовски, за кого нема СВР во државата кое не го бара за некој престап или криминал?

Неможе цела влада да се вади дека се сликала случајно со Абдиовски, тој е сликан и по владини кабинети, и од фотографиите јасно се гледа дека се се, само случајни не.

Дали врските со СДС му помогнале на Абдиовски наместо во Идризово да биде однесен во полуотворениот дел во Шутка, од каде полесно може да избега, и побегнал?

Која е врската на СДС со сите бегства од затвор на тешки криминалци и дали истите се координирани?, прашуват од партијата.