Цело СДСМ на чело со Заев и Шекеринска спроведувале рекет!

Интегрален текст од прес конференција на Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ 

Целото СДСМ, на купче, на чело со Зоран Заев и Радмила Шекеринска правеле, спроведувале рекет и криминал! Целото раководство на СДСМ е вмешано во овој грозоморен криминален акт. Случајот „Рекет“ и судската фарса е срам за правната држава, но и голема дамка и товар за СДСМ.

Не изминува ден без нов скандал криминален каде што на виделина не излегува некој од раководните лица на СДСМ.

Радмила Шекеринска е фатена на камера со осудените извршители на грозоморниот рекет, Зоран Заев е снимен како признава за криминали на Шилегов, а до ЈО се поднесени кривични пријави за 40 лица сите од СДСМ вклучително и за Заев, брат му Вице, братучедот Трајче, па Оливер Спасовски, па Мила Царовска, Кирацовски, Горан Сугаревски, Петре Шилегов, Костадин Костадинов и други.

Радмила Шекеринска, повеќе пати лажеше дека не била во домот на Боки 13 и дека немала средби со сега осудените за „Рекет“! Сега лаже дека не била прашана за средбите! Соочена со скандалозното видео од домот на Боки 13, прво претпоставува дека е таа, па не демантира дека е снимена, па лаже дека не знае кога би била направена снимката, па лаже дека не била прашана за средбите, а потоа нафрла невистини за содржината на разговорот!

Радмила Шекеринска потврдува дека била во домот на Боки 13, дека била во друштво со сопственик на како велат провладина телевизија, била во друштво со специјалната јавна обвинителка и дека таму имале средби и разговарале, кроеле планови, какви планови се гледа од приложеното она што ја тресе јавноста, а тоа е случајот „Рекет“. Значи Радмила Шекеринска потврдува дека е снимена во домот на Боки 13, а претходно лажеше дека воопшто не била во домот на Боки 13 и дека немала средби со сега осудените извршители на „Рекет“.

Останува да виси прашањето што бара потпретседател на Влада во друштво на Јавен Обвинител и осуден за „Рекет“, уште колку вакви јавни признанија и видеа се потребни за Јавното Обвинителство конечно да почне да работи?

До ЈО се поднесени кривични пријави до 40 лица, сето раководство на СДСМ! Кривични пријави од осудениот извршител на „Рекет“ Бојан Јовановски! А, напоменав претходно дека тука се споменати и Зоран Заев, и брат му Вице, и братучед му Трајче, Оливер Спасовски, Мила Царовска, Кирацовски, Сугарески, Шилегов, Костадин Костадинов и многу други од раководство на СДСМ. Радмила Шекеринска потврдува дека имала средби со осудените, и ЈО се уште молчи!

ЈО со Јовески и Рускоска молчат и ќе молчат за скандалите со второстепената комисија, кога со неа раководеше Петре Шилегов, а фирмите на кланот Заеви добиваат тендери? И тоа вчера повторно јавноста беше скандализирана од сознанијата кои што ги доби од тајните снимки објавени на социјалните мрежи.

Слушнавте како Зоран Заев признава дека Петре Шилегов, додека бил претседател на второстепена комисија, „трпал пари“. На Заев тоа му било јасно, но дека „тоа било тоа“. Тоа се зборовите на Зоран Заев, на Петре Шилегов кој што признава за злоупотребите и за криминалот на Петре Шилегов додека бил претседател на второстепената комисија, зашто ВМРО-ДПМНЕ повеќе пати алармираше и имаше прес конференции изнесувајќи докази. Но Зоран Заев вели „трпал пари“ и тоа било тоа.

Цело СДСМ на чело со Зоран Заев и со Радмила Шекеринска се криминално здружение кое што мора да понесе одговорност! СДСМ е синоним за рекет и за криминал! Македонија повеќе не може да издржи компромиси со криминал! Доаѓа 15-ти јули, заокружете број 14. Исправи се Македонијо, одбери обнова!

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.