Целосно е совладан пожарот во Калифорнија

Целосно е совладан најсмртоносниот пожар во историјата на Калифорнија, откако две седмици беснееше во северниот дел на земјата, соопштија денеска пожарникарските служби.

Во пожарите во Калифорнија загинаа најмалку 87 лица, а опожарени се речиси 620 квадратни километри површина. Градот Парадајз е во пепел.

Според последните информации вкупно 249 лица се сметаат за исчезнати и потрагата е во тек.