Целосно изгаснат пожарот над село Галичник, се утврдуваат причините

7

Целосно е изгаснат пожарот што избувна вчера над село Галичник. Екипа на полицијата денеска врши увид и ги утврдува причините, информираше в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов при денешната посета на местото на пожарот со претставникот на месната заедница Галичник, Александар Костиќ.

„Рано утрово два армиски хеликоптера го надлетаа местото на пожарот за доколку има потреба да интервенираат, но бидејќи пожарот е изгаснат тие се вратија во нивната база, но се на готовност доколку дојде до реактивирање на пожарот брзо да дојдат и да го изгаснат“, рече Ангелов.

Се заблагодари до сите кои помогнаа во гаснењето, од системот за управување со кризи, противпожарните единици и до граѓаните.

Со пожарот беше зафатена борова шума на непристапен терен и заради засилениот ветар претставуваше потенцијалн

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.