Целосно изгоре автомобил на автопатот Тетово – Скопје

Утринава на автопатот Тетово-Скопје, се запали автомобил марка „мерцедес“ со гостиварски регистарски таблички. Автомобилот бил целосно изгорен, а во несреќата нема повредени.

На местото на настанот пристигнале три противпожарни возила, бидејќи пожарот, покрај автомобилот, го зафатил и дел од тревата покрај автопатот.