Целта ги оправдува средствата?

Ако мислите така – убијте се! Ама одма, направете услуга и на човештвото и пред се’ на најблиските, одма една карта со all inclusive straight ту hell paradise resort! Ананасот е спремен и ве чека, милина (south park)!

Сме?

Дали сте нормални? Ми се повикувате на Светињи, Бога, Правда небесна, а ваму потполно рамо до рамо со флоскулата на Адолф Хитлер? ЦЕЛТА ГИ ОПРАВДУВА СРЕДСТВАТА? И не говорам само за квази патриотите, туку и тоа трансџендрските неонацисти облечени во одрана кожа на слобода на избор и говор, либерални ѓоа-прогресивци – бљак!

Каде идат дивите свињи?

Читам деновиве, нашиот, ценет и поштено одбран од народот кмет, кој разбрал нешто за дигитални светуљици, па во наплив на промилна курнаизација, најверојатно во окружување на целулитни лепосави, се статусира со хумористична зајадливост на ниво на надразнет хемороид, а овие оргазмично припотресни читаат и цивкаат со клиторисен тремор од 4,5 според рихтер, му се чалами на мртвиот индијанец.

  • … пливај тамо, маџарска нема море …

А, прозваниот интелект, од неморската ни земја па му враќа, со сиот памет и благоумни бистрини просветителски. Најлошо стоката од навивачи, со страсти, не повисоки одошто во циркуските арени на гладијаторските борби од пред две тисуча, цркаат ко шипарици кои го виделе оној канадски цреп Биберовски. Па, вакво ниво на преписка нема ни меѓу маалските спотери кои вербално се пцујат и закачаат за било која.

Ме?

Ме фаќа некаков наплив на интелектуална супериорност. Не дека сум, ниту реален ниту било каков академски апгрејд за таков курч, туку, кога бев млаТ, веровали ли не, немавме интернет. Жими мајка, морам вака да пишам оти деци мои не ми веруваат, обично, „… абе не ме буши, како сте живееле? Ловевте со лак и стрела?“. Па деца, не сте далеку од вистината, но бидејќи нашиот вулгарен глас никаде не можеше да се артикулира, какo денес на секој полуинтелектуален паразит со полу лаги … чуј , полу … ма МЕГА лаење и пцуење, да добива општонароден аплауз мораве да читаме, книги и весници. Цел ден драпаш карамбол и чита ли читаш, два-три весника, „џубре“ секој на свој начин, оти комуњарски и се знаеше што може и смее да се прочита. Но сепак, за жал, и трагично, имаше некакво ниво и покрај сите цензури. Ги паметам и се сеќавам на дебатите, поточно, пеписките меѓу Бранко Ќопиќ и Тин Ујевиќ, мастадонти, гиганти, интелектуални, артистички, писателски, филозофски, кои знаеа да се распукаат и со понекој вулгарен збор, но само ним им беше дозволено, оти вулгарноста беше само писателска и артистичка придавка, никако цел и акцент, напротив само писателски бравуризам во колумни. Секако, ништо не ги разбрирав тогаш, се додека пред 20 години не ги препрочитав и сфатив какво ниво е тоа. Две значајни писателски и општествени фигури го тресеа форнталниот корстекс на целото општество.

Денес, ќути и пливај или поједеме ме туџи срам.

Денес читаш за полови органи, омаловажувања под секое ниво, употреба на работни глаголи кои просто треба да се замисли и полупијан на маса пред расцицлена, запотена ем недипилирана, певаљка у зафукан бирцуз, дали ќе ги уптреби. Лажење – сушење, клетви и поганости. Нема асална реченица со вредност. Нема колумна на која можеш да се навратш после 10 години и да речеш, „јако напишано“ (чесни исклучоци), откако прашината ќе слегне. Прочитајте си ги статусите. Да, тоа ви е нивото, да се засрамиш од себе… уште пострашно, да прочиташ и да не те фати срам. И не мешајте умор и сатира со вашите гнасотии, треба интелект да направи разлика.

No shame – no curtain

Се опериравте од срам и тоа го направивте меинстрим, со тоа се гордеете, тоа прoстата маса обилно го поздравува и ви стиска лајкови, сеедно што е лага и погано, а вие полни со себе, се дуете ко пештански квасец.

Оваа борба, борба за Македонија, не смее да се води со лаги и со вулгарности. Ако противникот е вулгарен и шири лаги, не смееме и ние, не смееме на ист начин да се бориме. Примерот на Исус Христос е најдобар можен пример во историјата, но кој сум јас да зборам.

Ќутам и пливам.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.