Целта на преодната стратегија е да се зајакне македонската економија и да се намалат негативните ефекти

Денес на Livechat, Дарко Лазаров, претседател на комисија за економија при ВМРО-ДПМНЕ говореше за преодната стратегија за справување со здравствено – економската криза при што посочи дека целта на самата стратегија е да се зајакне македонската економија и да се намалат негативните ефекти.

„Јас не би се враќал во делот на критиките во однос на неуспехот на Владата во справување со здравствената криза меѓутоа и со неуспехот во амортизирање на негативните ефекти од истата. Со оглед на тоа што денес овој момент го користиме за презентација на нашата преодна стратегија. Јас фокусот во моето излагање би го ставил на тоа кои се предлог мерки кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спроведе веднаш по формирањето на новата влада, а про по кризата односно во насока во справување со здравствена – економската криза. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ има сериозна платформа односно програма во делот на „Обнова на Македонија“ која што практично е дизајнирана во делот на проекти и политики, и мерки за еден четиригодишен период. Меѓутоа со оглед на фактот што сега се соочуваме со предизвикот на оваа здравствена – економска криза и со неуспехот на Владата предводена од СДСМ во изминативе 3-4 месеци да се справи со истата едноставно тимот кој што работеше на програмата и поголем број дијапозом на експерти во рамките на партијата и надвор од неа процени едноставно дека мора да се изработи една ваква преодна стратегија во насока на премостување во овој период особено во наредните два квартали до крајот на 2020-тата година“, истакна Лазаров.

Лазаров додаде дека колку успешно преку изготвената стратегија се справи Македонија со кризата толку успешно и понатаму ВМРО –ДПМНЕ ќе ги реализира проектите кои што се планирани односно поставени во рамките на програмата.

„Основните постулати односно сегменти на оваа стратегија се , првиот сегмент е превенирање заштита на здравјето на граѓаните. Во изминатиот период владата не успеа во делот на превенирање и заштита на граѓаните во делот на ширењето на вирусот. Во таа насока тимот на експерти во рамки на здравствена комисија изработи сосема нова методологија, сосема нов концепт во справување со кризата. Вториот сегмент е финансиска консолидација на економијата, мислам на фискална консолидација и генерално на консолидација во рамките на финансискиот систем во Македонија, меѓутоа не во банкарскиот систем туку во делот на тоа што голем дел на граѓани се соочуваат со проблеми во делот на сервисирање на своите кредитни обврски, меѓутоа и голем број на компании се на прагот на затворање на своите бизниси поради фактот што се соочуваат со сериозен проблем на неликвидност. Третиот сегмент се однесува на заздравување односно јакнење на економските фундаменти на државата. Овој сегмент е поделен во неколку сет на мерки кои што таргетираат различни области. Меѓутоа се поврзани практично со економијата“, појасни Лазаров.

Лазаров детално се осврна на деловите на третиот сегмент. Првиот дел од третиот сегмент е финансиска поддршка на сите граѓани кои што на некој начин се погодени од кризата. Вториот дел е поддршка на реалната економија односно на приватниот сектор. Бидејќи од приватниот сектор зависи од тоа колку брзо ќе се ревитализира Македонија и економијата. Третиот дел е поддршка на младите, бидејќи тие се иднината на Република Македонија. И четвртиот дел од третиот сегмент е поддршка на земјоделците, земјоделскиот сектор.

Лазаров нагласи дека целта на оваа стратегија е да се обезбеди што е можно побргу закрепнување на македонската економија, и што е можно помали негативни ефекти кои ќе се одразат на истата економија.