Цементарницата „Усје“ увезува и гори но не загадува со опасен отпад

Овие печки за производство на цемент ланската година проголтале 4400 тони отпад од домаќсинствата од увоз. Се горел комунален, но не и опасен отпад тврди раководството на фабриката.

Фабричкиот гигант само 4 отсто од горивото го купил од странски депонии. Останатото гориво за печките е јаглен и кокс. Истражувањата и мерењата на компанијата покажале дека ако горат комунален отпад помалку го загадуваат воздухот.

Ако „Усје“ се огласи дека увезува и гори отпад надлежното министерство знаело и одбори на уште 444 компании да внесат во земјава алтернативно гориво.

Проверките се редовни тврди заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули

Во одбрана на депонијата „Дрисла“ пак застана градоначалникот Петре Шилегов. Таму не се горел увезен опасен отпад.

Што и колку отпад влегол во земјава како отпад и завршило во некоја од печките најточно знае царинската управа.

Компаниите кои увезуваат и користат комунален отпад како гориво стравуваат дека доколку собранието ги прифатиле законските измени за забрана за увоз на отпад како гориво ќе мораат да се вратат поскапите и нееколошки горива кои што земјите од Европската Унија полека ги исфрлаат од употреба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.