Цената на билетот за ЗОО ќе поскапи, но дали се покачија платите?

617

Кој сака да ја посети скопската зоолошка градина ќе треба да издвои повеќе пари од порано, се покачуваат цените на билетите. Ова е ставено како точка на дневен ред на денешната седница на Град Скопје, билетот од 50 да стане 80 денари, пишува „Скопско ехо“.

Скопјани се изненадени, ретко кој одобрува, повеќето со негодување ја примаат оваа најава.

Поскапувањето е преголемо. Нас платите не ни се покачија 50 отсто за да ги покачат билетите за толку. директорот помалку да се бави со политика и евровизии, а да мисли повеќе за тоа како новите цени ќе влијаат на нас. ќе размислам дали пак ќе одам, претерале… се дел од реакциите кои пристигнаа во нашата редакција.

Инаку, останува одредбата дека влезот за деца до три години е бесплатен. Новите цени за Зоолошката градина треба да стапат во сила на почетокот на јуни.

Од зоолошката градина објаснуваат дека им се зголемиле трошоците со проширувањето на содржините и новите животни. А наведуваат и тоа дека скопската ЗОО имала најмала цена на билет во светот. Барале на интернет и не сретнале поевтина. Чудно, во светот има и многу бесплатни зоолошки градини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.