Цената на гасот го достигна историскиот максимум

Пресметковната цена на терминските договори за природниот гас во понеделникот беше рекордната во работењето на гасните хабови во Европа, достигнувајќи 2.861.,6 долари за илјада кубни метри, покажуваат податоците од лондонската берза ICE.

Таквото движење на цените на енергенсот беше последица од петочната објава на руски „Газпром“ дека испораките на гасот преку цевководот Северен тек 1 ќе биде запрен на три дена, од 31-ви август до 2-ри септември, поради планираното одржување на единствената која е во функција во моментов работна пумпа во компресорската станица „Портоваја“.

Другите три, поради потреба од ремонт со одлука на рускиот регулатор се вон од функција, а од „Газпром“ велат дека проблематично е нивното сервисирање во „Siemens“ поради антируските санкции. Од друга страна, европските челници сметаат дека станува збор за одмазда на Москва поради казнените мерки што ЕУ ги донесе поради војната во Украина.

Терминските договор (фјучерсите) за испорака на гас во септември, според индексот на најголемиот европски гасен центар TTF во Холандија, веднаш по информацијата од „Газпром“ веднаш почнаа да растат. Во петокот вечерта веќе нивната вредност скокна за 8 отсто на повеќе до 2.700 долари за илјада кубни метри гас, првпат по 1-ви март. А во понеделникот утрото веќе пораснаа за 20 отсто и надминаа над 3.000 долари, но на затворањето на тргувањето во понеделникот се спуштија малку под 2.900 долари.

Последниот рекорд на цената на порамнувањето на терминските договори за гасот во Европа беше забележан на почетокот од март. Тогаш во Европа, поради стравувањата за забрана на увозот на руски енергенси, цените ги обновуваа своите историски најголеми вредности четири дена по ред. Ценовниот рекорд од 3.892 долари гасот го забележа на 7-ми март, со плус 275 отсто за 23-ти февруари, а проценетата цена тој ден изнесуваше 2.560,7 долари за илјада кубни метри, односно плус од 146,5 отсто.

Гасните хабови во Европа почнаа во 1996 година.