Цената на гасот во Еропа првпат во историјата достигна 950 долари

Цената на прирордниот гас во Европа одново од почетокот на седмицава собори рекорд и во средата првпат во историјата го надмина прагот од 950 американски долари за илјада кубни , покажуваат податоците за тргувањето на CE Futures.

Според тоа, во средата цената на гасот во само еден момент се зголемила за 17,27 отсто.

Цената на октомвриските фјучерси според холандскиот индекс TTF, најликвидниот европски хаб во претпладневното тргување во средата во 10,35 часот изнесуваше 841,39 долари. Во 11,21 часот пораснала на 852,27 долари, а малку подоцна во 11,45 часот надминала 875,84 долари. Еден час подоцна веќе ја надминала бариерата до 900 долари, а во 01,03 часот достигначла 943 долари. Неколку минути подоцна изнасувала 950 долари за илјада кубни метри гас.

Претходниот апсолутен рекорд на цената на природниот гас беше поставено на тргувањето во вторникот, кога достигна 810 долари.

Цената на гасот во Европа порасна за повеќе од еден ипол пат од почетокот на септември, на 1-ви септември се тргуваше по 614 долари за илјада кубни метри од „синиот енергенс“.

Аналитичарите на пазарите на енергенси сметаат дека ваквата динамија се должи на ниските резерви на суровини во Европската унија поради студената зима минатата година. Така, на 14-ти септември податоците укажуваат дека европските капацитети за скалдирање на гасот биле исполенти до 70,75 отсто, додека во истиот месец минатата 2020 година овој показател изнесувал дури 93 отсто.

Истовремено, тие оценуваат дека рускиот гасен гигант „Газпром“ нема намера значително да ги зголемува производството и испораките и покрај скориот почеток со работа на новиот гасовод Северен тек 2, сметаат аналитичарите.